Врз основа на чл.14 ст. 1 и 2 од Законот за судска служба (Сл. Весник на РМ бр.98/08) и член 5 од Правилникот за критериумите и постапката за селекција и вработување на судски службеници (Сл. Весник на РМ бр.70/09) и член 22 од Законот за работни односи (Сл. Весник на РМ бр.62/05) Основен суд Струмица објавува:
ЈАВЕН ОГЛАС бр. 01/10
за вработување на неопределено време
1. Работно место:
1. Судски референт – дактилограф – 5 (пет) извршители
2. Помлад судски референт – доставувач – 1 (еден) извршител
3. Хаусмајстор – 1 (еден) извршител
4. Хигиеничар – 1 (еден) извршител
Општи услови:
Да е државјанин на Р. Македонија
Да е полнолетен
Да не му е изречена мерка за безбедност забрана за вршење професија дејност или должност
Да има општа здравствена способност
Посебни услови предвидени во правилникот за систематизација на работните места во Основен суд Струмица и тоа:
1. За работното место под точка 1 – средно или вишо одразование со 1 година работно искуство
2. За работното место под точка 2 – средно образование без работно искуство
3. За работното место под точка 3 – средно образование со познавање на одржување на парен котел и парна мрежа без работно искуство
4. За работното место под точка 4 – основно или средно образование без работно искуство
Заинтересираните кандидати се должни да достават пријава за вработување на судски службеник (Образец објавенво сл. Весник на РМ бр.70/09), која можат да ја подигнат од архивата на Основен суд Струмица или на интернет страната www.osstrumica.mk (кликнете тука за преземање на пријавата).
Кандидатите потребно е доказите за исполнување на општите и посебните услови за работното место, да ги достават во оригинал или заверена фотокопија.
Рокот за доставување на пријавите изнесува 5 (пет) дена, сметано од денот на објавувањето на огласот.
Пополнетата пријава во писмена форма, кандидатите се должни да ја достават во Приемната писарница на Основен суд Струмица или по пошта на адреса:
Основен суд Струмица, ул.„Ленинова“ бр. 34, Струмица со назнака за оглас бр. 01/10
Ненавремените и некомплетните пријави нема да се разгледуваат.
Кандидатите за работните места под точка 1 и 2 ќе полагаат испит кој се состои од писмен и практичен дел – работа со компјутери, во рок од 15 дена по завршувањето на огласот.
Кандидатите кои го положиле испитот, ќе бидат интервјуирани во Основен суд Струмица, во рок од 8 дена од денот на завршување на испитот.
ОСНОВЕН СУД СТРУМИЦА