Дома  I    Мапа  I    Контакт  I    Огласна Табла    


   
 
 
 
Погледнете ја статистиката за работењето на судот за актуелната година ...
 
 
 
 
Најчесто Поставувани Прашања

Од: Спасе Гелов   21.11.2011  Категорија: Општо
Прашање: Дали може да ги добијам приходните шифри и уплатните сметки за трошоци за постапка и глоба за сторен сообраќаен прекршок на Основниот суд Струмица, бидејќи истите ги немам добиено со доставената пресуда. Однапред благодарам, Спасе

Одговор: Уплатнмата сметка на Основен суд Струмица за глоба е следната:
Буџет на РМ-Основен суд Струмица
НАРОДНА БАНКА НА РМ
транс.сметка 1000000000630 95
уплатна сметка 840 166 05007
приходна шифра и програма 722111 00
цел на дознака глоба - сообраќај

Уплатна сметка за ПАУШАЛ  е следната:
 Буџет на РМ Основен суд Струмица
Народна Банка
трансакциона сметка 1000000000630 95
сметка на буџетски корисник 2901000930 631 19
приходна шифра 724132 20

Од: Менче Гогова   21.11.2011  Категорија: Општо
Прашање: како може да извршам промена на адреса и презиме за веќе постојан судски преведувач од ОС кавадарци во ОС струмица?

Одговор: Надлежен за вршење промена кај веќе постојани судски преведувачи од еден во друг суд е Министерството за правда. За подетални информации обратете до Министерството

Од: Elizabeta Ristova   12.11.2011  Категорија: Општо
Прашање: vo vrska so slucajot K.br.713/10 .obvinetiot, vo osnoven sud bese osuden na 4 meseci zatvor, no od apelacija deloto go vratile na povtorno sudenje(informacijata ja dobiv od mojata advokatka, jas seuste nemam dobieno pokana). sakam da prasam dali moze i dvajcata da bideme staveni na poligrafsko testiranje za da se utvrdi koj navistina laze. koja e procedurata za ostvaruvanje na ova pravo. SO POCIT od Elizabeta ristova VI BLAGODARAM

Одговор: Полигравското тестирање за утврдување на вистинитост на исказ не е предвидено како доказно средство ниту во кривичната постапка , ниту во граанската. Врз основа на изведување на повеќе материјални и вербални докази, нивната анализа посебно и во врска со другите докази, судот во доказна постапка утврдува кој од странките или сведоците ја зборува вистината.

Од: ЈАСМИНА ПЕТРОВСКА   11.10.2011  Категорија: Општо
Прашање: dali moze sudot da donese odluka za razvod vednas dokolku 1 stranka ne saka ?

Одговор: Склучен брак може да се разведе со спогодбен предлог на двајцата брачни другари, доколку кај двајцата постои воља бракот да се разведе и имат спогодба за доделувањето на заедничките деца. Доколк еден од брачните другари не сака да се разведе, другиот има право да бара развод со поднесување на тужба по два законски основи: фактички престан на брачната заедница подолго од една година или неподносливост на брачните односи. Доколку тужителот во постапката го докаже основот на кој се повикува, судот донесеува одлука за развод на брак.

Од: Владимир Клековски   15.04.2010  Категорија: Општо
Прашање: Здраво, Ве молам за информација, на која сметка, уплатна сметка и приходна шифра треба да се уплати судска такса за спор што се води пред Основен суд Струмица, Благодарам однапред и поздрав

Одговор: Начинот на уплаќање судска такса за спор што се води при Основен суд Струмица е следен:
БУЏЕТ НА РМ
Основен суд Струмица
-Народна Банка-
1000000000630
ден.__________
уплатна сметка
840-166-03359
приходна шифра 722213 оо
судска такса

Ова се податоци доколку судска такса уплаќа физичко лице


Од: Магдалена Лазарова   02.02.2010  Категорија: Општо
Прашање: Здраво Студирам на правен факлтет Јустинјан Први -Скопје посдипломец на казнено право ,па ме интересира доклоку можете да ми објасните како и кога може да се пријавам за волотирање во Основен суд Струмица. Однапред ви благодарам

Одговор: Во Основниот суд Струмица може да волонтирате доколку имате дипломирано на Правниот факутет, вклучитело со завршени магистерски студии. За пријавување за волонтирање, треба дасе обратите до судскиот администратор Владо Јанев, кој ке Ви ги бјасни сите поединости во врска со начинот на спроведување на обука на волонтерите во судот.

Од: Миле Милев   31.08.2009  Категорија: Општо
Прашање: Како можам да добијам препис од кривична пресуда донесена од Осн. суд Струмица во месец јуни-јули 2009 г, во кривична постапка во која јас учествував во својство на сведок? Инаку ги разгледав сите одлуки кои се објавени на веб страната, но истата ја нема објавено. Дали можам јас лично преку писмено барање доставено до судот да добијам препис од преудата, со напомена дека не бев странка во постапката, туку сведок? Ова го прашувам водејќи се од начелото на јавност кое е својствено за сите постапки и објавувањето на пресудите во име на граѓаните на РМ. Молам да ми одговороте на е-маилот погоре навден. Благодарам!

Одговор: Сите пресуди кои ги донесува судот, вклучително и кривичните, постои обврска да бидат објавени анонимизирани на веб странана на судот. Во 2009 година сите пресуди не се објавуваа и доколку сакате препис од некоја пресуда, можете да пополнете “Барање за давање информација од јавен карактер“, чиј образец исто така е објавен на нашата веб страна или можете да го земете од приемното одделение во судот. Во Барањето само ке наведете број на пресуда чиј препис го барате и ке Ви биде пратена на начин како што ке побарате но анонимизирана. Не сте должни да ги образлагате причините поради кои преписот Ви е потребен а ирелевантно е дали во таа постапка сте учествуале како сведок или воопшто не сте засегнати од конкретниот предмет.

13.03.2009  Категорија: Општо
Прашање: Дали имам право на надомест на моите трошоци како сведок?

Одговор: Сведокот има право на надоместок на патните трошоци, на трошоците за исхрана, ноќевање, како и надоместок за загубена заработувачка. Надоместокот сведокот треба да го побара веднаш по сослушувањето, инаку го губи таквото право. За надоместокот за денгубата, сведокот треба да положи доказ за изгубена заработувачка.

13.03.2009  Категорија: Општо
Прашање: Каде може да сведочам?

Одговор: Постои општа граѓанска и законска должност за граѓаните да сведочат. Лице што ќе се повика како сведок должно е да се јави на поканата и да сведочи. Сослушување на сведоци е еден од доказите кои се изведуваат во сите судски постапки. Меѓутоа судот не е единственото место каде може сведокот да даде изјава. Сведоците, кои поради старост, болест или тешки телесни мани не можат да одговорат на поканата од судот, ќе се сослушаат во својот стан, односно во местото каде се наоѓаат (болница).

13.03.2009  Категорија: Општо
Прашање: Дали сум заштитен како сведок?

Одговор: Сведокот ужива подеднакава безбедност во судската зграда, како и сите странки и вработените во судот. Заштитен сведок, значи да се биде лице кое поседува информации значајни за кривичната посатпка, чиј живот, здравје, слобода и имот се изложени на опасност и кое е вклучено во програмата за заштита на сведоци. Во текот на постапката, кога постои опасност од заплашување, закана со одмазда или опасност по животот или физичкиот интегритетна сведокот, јавниот обвинител, односно истражниот судија или претседателот на советот преземаат мерки и активности за ефикасна заштита на сведокот. Програмата за заштита на сведоци подразбира:
- Чување во тајност на идентитеот на сведокот,
- Обезбедување на лична заштита,
- Промена на живеалиштето, односно престојувалиштето,
- Промена на идентитетот

12