Дома  I    Мапа  I    Контакт  I    Огласна Табла    


   
 
 
 
Погледнете ја статистиката за работењето на судот за актуелната година ...
 
 
 
 
Соопштенија за Јавност

Клучен збор:
Дата:
30.01.2012   Закажани предмети
Период 30.01.2012 - 10.02.2012 г.
05.07.2011   Известување од Министерство за правда
 
 
Република Македонија
МИНИСТЕРСТВО ЗА ПРАВДА
 

И З В Е С Т У В А Њ Е

 

Министерството за правда ги известува граѓаните на Република Македонија дека согласно Законот за извршување, од 01 јули2011 година започна преносот на старите извршни предмети кај нотарите и извршителите.

Доверителите што започнале постапка за извршување пред судовите до 26 мај 2006 година, доколку сакаат да ја продолжат постапката за извршување, можат во рок од шест месеци заклучно со 31.12.2011 година, да пристапат пред судот и да се произнесат за продолжување на започнатите постапки за извршување.

Доколку доверителите не пристапат пред судот заклучносо 31.12.2011 година,предлозите за извршување ќе се сметаат за повлечени, а по извршните предмети кои имаат правосилни и извршни решенија, постапките за извршување ќе се сметаат за запрени.

Предметите се пренесуваат на извршителите и нотарите во стадиумот во кој се наоѓаат пред судовите.

Должниците на кои не им се уредно доставени решенијата за извршување со што не им било овозможено да се произнесат пред судовите во однос на решенијата со поднесување на приговори против решенијата за извршување, камататана главен долг се пресметува од денот кога решенијата за извршување ќе станат правосилни.

Со трансферот на извршните предмети кои ќе се пренесат на извршителите и нотарите, судовите ќе се растоварат за околу 400.000 предмети.

            Министерството за правда известува дека од 01 јули 2011 година започнува примената на одредбите од Законот за парничната постапка, според кој судовите немаат основ да примаат предлози за издавање на платни налози врз основа на веродостојни исправи, односно нотарите ќе донесуваат решенија со кои се дозволува извршување врз основа на веродостојни исправи што се однесуваат на неплатени побарувања по основ на потрошена електрична енергија, топлинска енергија, вода и други комунални услуги.

Судовите ќе постапуваат исклучиво по изјавен приговор против решението донесено од нотарот со кое се дозволува извршување врз основа на веродостојна исправа.

На овој начин се очекува судовите во Република Македонија да се растоварат за 200.000 дополнителни предмети на годишно ниво по основ на платни налози за сметки од комунални услуги за граѓаните.

Со примена на новите одредби на Законот за парничната постапка, Законот за извршување, Законот за вонпарнична постапка и Законот за даночна постапка, во судовите ќе се решаваат само спорните граѓански, кривични, стопански, стечајни, работни и други видови предмети.

           
 

                                                                                                                                                            МИНИСТЕРСТВО ЗА ПРАВДА

28.12.2010   Податоци за пристап до информации од јавен карактер

Врз основа на член 9 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Сл. весник на РМ” бр.13/06) и член 3 од Упатството за начинот и постапката за спроведување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер Основен суд Струмица  ја изготви следната

ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР

Листата на информации од јавен карактер на Основен суд Струмица ја сочинуваат следните групи на информации:


 Општи информации за судот

 Судска власт

 Судска пракса

 Контакт информации

 Формулари

            

Граѓаните на Република Македонија можат да добијат информација од јавен карактер што ја изготвило или со која располага Основен суд Струмица  со пополнување на - Барање за пристап до информации од јавен карактер, кое може да го добијат во архивата на Основен суд Струмица или да го симнат тука.


Барањето за информација може да се достави во писмена форма на адресата на Основен суд Струмица - ул. „Ленинова“ бр. 34, 2400 Струмица,
  или на  e-mail: conakalamernikova@yahoo.com


Граѓаните може да се информираат за
  сите прашања од нивен интерес што се поврзани со правото на слободен пристап до информации од јавен карактер и на телефон:


  Основен суд Струмица согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер за службено лице за посредување со информации ја определи:  Цона Каламерникова.