Историјат
Повелбата за устројството на редовните народни судови на федерална Македонија што ја донесе Президиумот на АСНОМ на 31.03.1945 г. и првиот законодавен акт на Првиот законодавен орган создаден во НОВ, го утврди постоењето на 25 општински судови, меѓу кои и Општинскиот суд во Струмица.
Во тоа време правосудниот оддел при Народноослободителниот одбор на Струмичката околија работеше во состав на еден дипломиран правник, референт и еден дактилограф, во денешниот објект на Собранието на општина Струмица. На 05.05.1945 г., по претходно избирање на претседател на Околиски суд – Струмица, на вообичаениот начин на известување, преку биење на барабан, граѓаните на град Струмица беа известени дека е основан и отпочна со работа општонароден суд и дека тука може да се обраќаат за решавање на своите права. Неколку дена потоа, избраниот прв претседател Сулејман Сулејманов, отпочна со пронаоѓање и собирање на канцелариската опрема што ја имаше поранешниот суд, како и со прибирање на зачуваните судски описи, со што се создадоa скромни, но сепак, најнеопходни предуслови за отпочнување со работа. Наскоро по отпочнување со работа беше избран уште еден судија Никола Орцев. Во таков состав, Судот се смести во поранешната судска зграда во стариот дел на Струмица.
Почетното работење на Судот по надлежност, рамковно не беше одредено се до донесувањето на Законот за уредување на народните судови во рамките на Нова Југославија. Со тој закон видовите, организацијата и надлежноста на судовите се одредуваа за редовните судови преку извршувањето на главните задачи во вршење на правораздавање:
1. Заштита на демократските тековини на Народноослободителната борба, заштита на правата и со закон заштитени интереси на установите, претпријатијата и организациите од јавен карактер, како и личните и имотни права и со закон заштитени интереси на граѓаните на Југославија;
2. Обезбедување на точното исполнување на законите и прописите со законска сила од страна на сите установи, претпријатија, организации, службени лица и граѓани на Југославија;
3. Воспитување на граѓаните во духот на верност кон татковината, во духот на точното исполнување на законите и чесно вршење на граѓанските права.
Судот, од зградата каде започнал со работење, во 1947 г. се преселил и ја продолжил работата во простории од приватна зграда на улица „Благој Мучето“. Дотогашниот претседател на Судот заминал на нова должност, а за нов претседател бил поставен Трајко Калајџиски. За судии биле избрани Љупчо Арапов и Ванчо Николчев, од кои последниот на оваа должност останал кратко време. Во 1951 г. Судот пак се преселил и работел во старата зграда. Во 1952 г. дошло до промена во организационата поставеност на судовите во Македонија, по која, Околискиот суд – Радовиш се приклучил кон Струмица, со што Околискиот суд Струмица станал месно надлежен за вршење на судската функција се до 1955 г.
Надлежноста на Судот во текот на 1976 г. најосетно се изменила со Законот за редовните судови. Со тоа Судот примил во надлежност да решава од граѓанска материја целосно за имотно – правните спорови меѓу физички лица и физички и правни лица, а од кривична материја, во најголем број за предвидените кривични дела во кривичните закони и други посебни закони, со кои е предвидена казна затвор до 10 години.
Во минатото, како претседатели во Основниот суд – Струмица:
Сулејман Сулејманов
Трајко Калајџиски
Љупчо Арапов
Васил Папестиев
Михаил Ефтимов
Ѓорги Мицев
Димитар И. Витанов
Александар Токарев
Стево Веслиевски
Нада Бајрактарова
Ѓорги Маневски
Структура на судска зграда
Сутерен:
Извршен отсек
Извршно одделение
Доставувачи на пошта
Приземје:
На приземјето се сместени:
Судската полиција
Телефонската централа
Архивата
Судница бр. 1
Отсек за прием и експедиција
Крицичен отсек
Граѓански отсек
Отсек за извршување санкции и малолетници
Вонпроцесен отсек
Отсек за стечај и платни налози
Прекршочен отсек
Истражен отсек
Сметководство
Секретарот на судот
Претседателот на судот
Истражен судија
I кат:
На првиот кат се сместени судниците од 3 до 13 и Јавен правобранител на Р.М.
II кат:
На втори кат се сместени судските кабинети и две дактилобироа
III кат
На трети кат се сместени судски кабинети, дактилобироа, стручни соработници и приправници
Сала за состаноци
Судска библиотека
Врз основа на член 12 и 14 од Законот за судска служба (Сл.весник на РМ бр.98/08) а во врска со член 5 и член 12-а од Законот за изменување и дополнување на Законот за судска служба(Сл.весник на РМ бр.150/2010), Правилникот за организација и систематизација на работните места, ОСНОВНИОТ СУД СТРУМИЦА:
О б ј а в у в а
ЈАВЕН ОГЛАС бр.3/2011
За вработување на 2 судски службеници на неопределено време
Основниот суд Струмица има потреба од вработување на судски службеници на следните работни места:
Судски соработник - 2 извршители
Заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат следните општи услови.
1.Да е државјанин на Република Македонија,
2.Да е полнолетен
3. Да има општа здравствена способност
4.Да не му е изречена казна со правосилна судска пресуда за забрана на вршење професија, дејност или должност
Посебни услови предвидени во правилникот за систематизација на работни места се:
-Да има завршен VII/1 степен-Правен факултет или стекнато најмалку 180 кредити според ЕКТС-Правен факултет
-Да има положено правосуден испит
- без работно искуство.
Заинтересираните кандидати се должни да доставата пријава за вработување на судски службеник која може да ја подигнат во архивата на Основен суд Струмица или на интернет страната www.osstrumica.mk (кликнете тука за преземање на пријавата).
Пријавата за вработување во која ќе бидат содржани податоци за општите и посебните услови, да се поднесе во Основниот суд Струмица во рок од 5 дена од денот на објавувањето на овој оглас во дневните весници (не сметајќи го денот на објавувањето на огласот).
Образецот на пријавата за вработување треба да се подигне во архивата на судот и истата да се достави во писмена форма преку архивата на судот или по пошта на ул.„Ленинова“ бр.34 Струмица.
Постапката за селекција и вработување ќе биде спроведена согласно член 16 од Законот за судска служба и Правилникот за критериумите и постапката за селекција и вработување на судски службеници.
Кандидатите кои уредно ќе се пријават на огласот ќе бидат известени за литературата за полагање на испитот како и за денот на спроведување на испитот, кој се состои од писмен дел и практичен дел –работа со компјутери. Со петте најуспешни кандидати ќе се спроведе интервју.
Докази за исполнување на општите и посебните услови доставуваат само кандидатите кои ќе бидат избрани во оригинал или фотокопија заверена на нотар.
Ненавремена и некомплетна пријава нема да биде предмет на разгледување од страна на Комисијата за избор на судски службеници во Основен суд Струмица.
ОСНОВЕН СУД СТРУМИЦА